Поранешната тинејџерска ѕвезда му даде ултиматум на ПСЖ

Ренато Санчез по одличната сезона во Лил ќе замине од францускиот клуб, а засега останува непозната неговата следна дестинација. Постои сериозен интерес од Милан кој во него гледа играч на долгорочни стази, но за неговите услуги е заинтересиран и ПСЖ.

Португалецот кој еднаш важеше за голем талент преферира да остане во Франција, но повеќе нема трпение за „светците“ кои чекаат на продажба на играч па негов ангажман. Тој воедно му дал и ултиматум од 48 часа на парискиот клуб да се одлучи дали сака да го ангажира или не, пренесуваат француските медиуми.

Сега 24-годишникот професионалната кариера ја започна во Бенфика, а во 2016 година направи трансфер од 35 милиони во Баерн Минхен. Откако не успеа да се најде во германскиот клуб премина во Лил чиј дел е од 2019 година.

Се вчитува...