Поранешната „вардарка“ заминува во пензија

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Сања Дамњановиќ одлучи да стави крај на кариерата. По повеќе од две децении занимавање со ракомет, 33-годишната ракометарка одлуката за крај на кариерата ја донесе поради желба за проширување на фамилијата.

„Минатата сезона играв за Будуќност, а мојот сопруг (Стеван Вујовиќ) настапуваше за Мотор Запорожје и многу ни беше тешка таа раздвоеност, особено поради синот Виктор. Тогаш Стеван и јас се договоривме дека ако тој го продолжи договорот со Запорожје да работиме на проширување на семејството. Тој остана во Запорожје, а јас брзо тоа останав бремена. Одлуката беше јасна“, изјави Дамњановиќ. 

Дамњановиќ дел од ЖРК Вардар беше во периодо од 2015 до 2017 година, а покрај за македонскиот тим во кариерата настапуваше и за Раднички, Наиса Ниш, Крим, Зајечар, Подравка, Виборг, Сјофок и Будучност кој беше нејзин последен ангажман.

Се вчитува...