Поранешната втора тенисерка во светот става крај на кариерата на 27 години

Анет Контавеит, која минатата година беше на второто место на ВТА листата, објави дека на 27 години ја завршува кариерата.

Причина за ваквата одлука е повредата на грбот, која ја спречува Естонката да тренира и да игра нормално. Нејзинипоследен турнир ќе биде Вимблдон.

„Ја завршувам кариерата како професионален спортист. По неколку посети на лекари и консултации со мојот медицински тим, беше утврдено дека имам проблем со дискот во долниот дел на грбот, што ме спречува да се натпреварувам понатаму“, напиша Контавеит.

Естонката во кариерата освои шест титули. Има 388 победи и 200 порази, а најголем успех на гранд-слем турнирите и беше четвртфиналето на Австралија опен во 2020 година.

 

Се вчитува...