Поранешниот агент на Марко Верати, Донато ди Кампали вели дека можел да има многу поразлична кариера ако бил малку попаметен.
Кампали повторно го критикуваше ПСЖ за начинот на кој се однесува со фудбалерите, главно уништувајќи ги нивните кариери. А, сето тоа откако реши да го остави Килијан Мбапе во Париз по одлуката на напаѓачот да не ја активира опцијата за продолжување на соработката до јуни 2025 година.
Марко Верати, пак, сега е пред потпис со Ал Хилал во Саудиска Арабија каде ќе ја продолжи карерата.
„Страшно е тоа што се случува со фудбалерите во ПСЖ. Уште пред седум години реков дека Марко е во затвор па веднаш бев нападнат. Но, не жалам за работите кои ги кажав. Марко ми беше како син, и се уште ми е. Според мене, сега тој исто како да е киднапиран на основа на економска уцена. Ќе биде многу богат, но никогаш нема да биде шампион“ – вели поранешниот агент на Верати, и дополнува:
„Тогаш немаше мад..а да издржи седум-осум месеци и да го одработи во целост договорот за да потоа се пресели во Барселона или да има друга богата кариера. Му беше страв да им се спротивстави на луѓето од врвот на клубот кои го уценија дека треба да ми даде отказ за да му дадат плата каква што ќе посака. Беше млад и тешко му беше да се справи со ситуацијата. Тогаш јас и Марко одлучивме за преселба во Барселона, веројатно ќе го видевме и во Серија А, но ете немаше храброст… Сега нека трча во пустина со камили“.
Според Кампали сега Мбапе е во слична ситуација…
„Сега Мбапе е во таа ситуација. Но, му се восхитувам на Мбапе. И покрај притисок од Владата, Макрон и од кој ли уште не, сака да си го оствари сонот, сака да стане шампион“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА