Поранешниот голман на репрезентацијата на Германија, Јенс Леман повторно има проблеми со законот. Неговиот адвокат му поднесе тужба поради тоа што екс чуварот на мрежата на Борусија Дортмунд, Шалке, Милан, Арсенал и Штутгарт не платил судски трошоци.
Тој одбил да ги плати трошоците за судскиот спор со моторната пила. Адвокатот кој го застапувал во случајот сега ги бара судските трошоци кои изнесуваат околу 24.000 евра.
Леман користел моторна пила за да пресече кровна греда на својот сосед, поради тоа што му го попречувал погледот кон езерото. Бил сниман со надзорна камера. Исто така се тврди дека не платил неколку паркинг сметки на аеродромот во Минхен.
Поранешниот голман поради инцидентот со моторната пила, му беше наложено да плати отштета од 420.000 евра, а потоа по жалба судот ја намали казната на 135.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

