Поранешниот италијански репрезентативец: „Серија „А“ е полоша од што мислиме, па видете го Милан во ЛШ“

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано, упати остри критики кон италијанскиот фудбал и кон домашното првенство, споредувајќи го Милан во Италија со Милан во Лигата на шампионите.

Некогаш на натпреварите на Серија „А“ редовно се собираа 40-50 илјади гледачи, екипите имаа многу светски ѕвезди, а сега најдобрите имаат само неколку надпросечни фудбалери. Тоа е реалноста на сегашната Серија „А“.

„Италијанската лига е далеку полоша од што мислиме. Тоа го покажува и најдобрата екипа во моментов Милан која во Европа има катастрофален резултат после четири натпревари. Тоа ми потврдува дека Серија А е дури петта најдобра лига во Европа“, рече Антонио Касано.

Првопласираниот тим од Италија (Наполи) игра во ЛЕ, а Милан после четири кола го има најлошиот старт во ЛШ во историјата. Интер сега почна да игра и го совлада Шериф два пати, на Аталанта и се насмевнува елиминација, додека Јувентус е оној кој ја брани честа во Европа, и има 12 бодови.

Се вчитува...