Поранешниот капитен на Арсенал замина во пензија по обвинение за расизам

Поранешниот капитен на Арсенал, Лоран Кошчелни стави крај на фудбалската кариера на 37 годишна возраст. Французинот кој има полско потекло ќе остане запомнет како еден од најверните „топџии“, чиј дрес го носеше девет години во ерата на Арсен Венгер, но и по бурното заминување од „Емирати“.

За Арсенал одигра повеќе од 300 натпревари, притоа освојувајќи пет трофеи од кои три во ФА Купот и два во Комјунити Шилд, но во 2019 година се одлучи со „бојкот“ на турнејата во САД да стави крај на ерата помината на „Емирати“ и да премине во редовите на Бордо.

Таму се соочи со дополнителни проблеми бидјеќи пред неколку месеци навивачката група го обвини за расизам. Епилогот од ситуацијата беше раскин на договорот, а по него и пензија за искусниот стопер.

Се вчитува...