Поранешниот прв човек на ФФМ на квалификациски меч, актуелниот на Трета лига… (ФОТО)

Довчерашните први соработници во Фудбалската федерација на Македонија денеска поделени на фудбалските терени во земјава…

Поранешниот прв човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во комплексот Куќа на фудбалот во Скопје го следеше квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП меѓу младите селекции до 17 години на Македонија и Шпанија, додека актуелниот в.д претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, пак, во Охрид се одлучи да следи езерско дерби.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Сејдини во друштво на членот на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Тони Ивановски, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид го гледаше езерското дерби од Третата лига – Југозапад меѓу домаќинот Охрид и Караорман кое заврши со убедлива победа на охриѓани од 3-0.

Се вчитува...