Поранешниот репрезентативец Абдурахими потпиша за Зрињски во БиХ (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Бесарт Абдурахими својата кариера ја продолжува во шампионатот на БиХ, во редовите на Зрињски од Мостар.

33-годишниот Абдурахими по завршувањето на соработката со кипарските Пафос и Аполон Лимасол, каде беше изминативе три години сега повторно се враќа на Балканот од каде фудбалски потекнува.

Абдурахими во својата кариера има настапи и за хрватски Загреб, белгиски Локерен, казахстанска Астана, за јапонската Осака, како и за Шкендија во македонското првенство. Има и 12 официјални настапи во дресот на македонската репрезентација и еден постигнат гол.

Се вчитува...