Поранешниот светски шампион продаде реплика од трофејот на СП за 54.000 евра

Фудбалерот Бенџамин Менди ја продаде својата реплика од трофејот на Светското првенство во 2018 година, освоен со Франција во Руската Федерација, за околу 54 илјади евра на аукција организирана од американската куќа „Голдин“.

Поранешниот француски репрезентативец, кој моментално игра за полскиот клуб Погон Шчечин заедно со Дарко Чурлинов, го понуди трофејот од Светското првенство на настанот „Глобална фудбалска аукција дел 2“, специјализиран за колекционерски спортски предмети.

Предметот беше опишан како оштетен, со пукнатина на основата и мали знаци на абење. Сепак, беше продаден за приближно 54 илјади евра. Купувачот, заедно со трофејот, доби сертификат за автентичност потпишан од самиот играч, кој играше за француските гиганти Марсеј и Монако, како и за англискиот хегемон од последната деценија, Манчестер Сити.

Менди, кој неодамна го продолжи договорот за уште една година во Полска, беше обвинет за десет обвиненија за силување и обид за силување од страна на седум жени во 2021 година. Дефанзивецот, кој има 10 настапи за француската репрезентација, беше прогласен за невин по сите обвиненија помеѓу јануари и јули 2023 година, но не играше во тој период кога беше во тек предсудската постапка против него.

Се вчитува...