Поранешниот тренер на Пелистер и Македонија ЃП најде ангажман во Турција

Поранешниот тренер на Пелистер и на Македонија ЃП, Наџи Шенсој, е назначен за нов тренер на турскиот тим Маниса.

Маниса е екипа која е формирана 2019 година, и стигна до второто по ранг натпреварување во Турција, а сега се одлучи да го назначи Шенсој за предводник на екипата.

Шенсој беше во Пелистер во сезоната 2016/2017 и го освои Купот на Македонија, а на клупата на Македонија ЃП беше во сезоната 2019/2020. Претходно има водено клубови во Албанија, Бугарија, Србија и Турција.

Се вчитува...