Пабло де ла Торе, тренер кој работел во Валенсија, беше дел од стручниот штаб во Рајо Валјекано, и работеше со Столе Димитриевски. Де ла Торе го коментираше трансферот на Димитриевски во Валенсија.
Де ла Торе во моментов работи во Премиерлигата, во Борнмут каде што е кондициски тренер, и кажа дека и Валенсија и самиот Димитриевски добиваат многу со овој трансфер.
„Имав среќа да го запознаам Димитриевски. Тој е многу вреден, на големо професионално ниво. Пренесува добра хармонија. Има повеќе од 190 натпревари, со искуство, со најмногу натпревари во историјата на Рајо. Мора да се вреднува. Имаше голем раст. Да се имаат 13 чисти мрежи во еден таков тим, не е мала работа. Играше секоја минута оваа сезона, и ви дава голема сигурност на голот. Има голема самодоверба. Одличен е во воздух, но и на ниски топки. Знае кога треба да излезе, одлично ја чита играта. Работник е, работи одлично и на терен, и во сала за кревање товар. Мислам дека брзо ќе се адаптира затоа што веќе има искуство со играње во Шпанија. Голман кој сметам дека добро ќе го издржи притисокот од Местаља, кој е многу поголем од оној во Рајо. Знам како е да се биде во Валенсија, но убеден сум дека Димитриевски ќе одговори на предизвикот“, рече Де ла Торе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА