„Порано или подоцна, Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид“

Преминот на еден од најперспективните млади фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе од редовите на ПСЖ во Реал Мадрид беше блиску до остварување ова лето, но парижани се одлучија да го задржат својот играч и за оваа сезона.

Тоа овоможи 22-годишникот да замине од тимот како слободен играч следното лето, а веќе е познато дека „кралскиот“ клуб е желба на Французинот. На оваа тема сега говореше и соиграчот на Мбапе од француската репрезентација и воедно напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој не ја криеше желбата да игра со младиот играч и на клупско ниво.

„Сакав Мбапе да дојде во Реал уште ова лето. Сепак, како и да е порано или подоцна тој ќе се пресели во Мадрид“, кратко изјави голгетерот.

Се вчитува...