Пораснаа акциите на Манчестер Јунајтед по отказот на Мурињо

Вредноста на акциите на Манчестер Јунајтед на њујоршката берза се зголеми за пет проценти откако клубот му врачи отказ на омразениот менаџер Жозе Мурињо.

Веднаш откако се појави официјалната потврда дека Мурињо не е повеќе тренер на „црвените ѓаволи“, вредноста на акциите на Јунајтед порасна на 18,22 долари што ја зголеми вредноста на клубот за 150 милиони долари.

Така, заминувањето на Мурињо од Манчестер Јунајтед стана добра вест не само за навивачите, туку и за акционерите на гигантот во англискиот и во светскиот фудбал.

Мурињо мораше да замине по поразот на Манчестер Јунајтед во големото дерби со Ливерпул (1-3) по кој „црвените ѓаволи“ паднаа на 19 бода зад водечкиот Ливерпул и 11 бода под местото што следната сезона обезбедува настап во Лигата на шампионите.

Се вчитува...