И покрај силниот оптимизам пред денешниот дуел, македонската одбојкарска репрезентација убедливо со 0-3 го загуби и четвртиот натпревар во групната фаза на Европското првенство 2026 во Софија.
Во арената „8888“ во Софија во директниот дуел за пласман во осминафиналето, Македонија загуби од Португалија во три сета, со 13-25, 20-25 и 20-25.
Португалците целосно доминираа на отворањето на мечот, лесно добивајќи го првиот сет. Нешто слично беше и во следните два сета, иако со нешто посилен отпор на македонските одбојкари. Но, противникот, во секој случај, повеќе од заслужено дојде до победата.
Во македонскиот тим десет поени имаше Љафтов, со осум заврши – Илиев додека Никола Ѓоргиев како и Филип Савовски завршија со шест поени. Кај Португалија доминираше Фереира со 17 реализации.
Македонските одбојкари со тоа ги загубија и сите шанси за пласман во осминафиналето на европскиот шампионат, останува уште утрешнииот натпревар со Израел да се заврши ова првнство. Во четвртиот меѓусебен натпревар со Португалците, Македонија го доживеа и четвртиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
