Пораз на Академија Пандев во Бугарија

Фудбалерите на Академија Пандев претрпеа пораз од 2-1 на контролниот натпревар против бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив, што се одигра во Самоков, Бугарија.

Екипата на Локомотив прва дојде во водство со голот на Карагарен во 18. минута, а „пандевци“ во 50. минута пропуштија одлична шанса од контранапад да стигнат до израмнување. Струмичкиот клуб во 81. минута сепак го израмни резултатот на 1-1 со прекрасниот погодок на Велиновски од околу 25 метри. Сепак, и тоа беше недоволно за да се избегне пораз бидејќи во 85. минута беше досуден пенал за бугарскиот клуб, што Михалевиќ го претвори во конечни 2-1.

Се вчитува...