Пораз на Ристовски и Спортинг во „лудото лисабонско дерби“ (ВИДЕО)

Спортинг Лисабон на нашиот Стефан Ристовски загуби во големото португалско дерби од вечниот ривал Бенфика со 0-2 во натпревар од 17. коло во шампионатот на Португалија.

Во првото полувреме иако Бенфика беше за нијанса подобар противник мируваа мрежите на двете страни и на пауза се замина без голови 0-0. На почетокот на второто полувреме домашните навивачи на теренот фрлија факели, поради кои на пет минути беше прекинат дуелот. Сепак, брзо беше расчистено се од редарите и натпреварот продолжи без поголеми проблеми.

Во продолжението на мечот Спортинг беше подобар противник, но тимот на нашиот Ристовски не успеа да ги искористи шансите, по што следеше казна, а гостите поведоа со голот на Рафа Силва во 80. минута. Рафа Силва уште еднаш го замолкна „Жозе Алваладе“ откако во 99. минута ги постави конечните 0-2. По киксот на Порто и поразот од Брага со 1-2, Бенфика со победата се одлепи на плус седум на првенствената табела, додека Спортинг останува четврти со 29 поени, дури 19 помалку од најголемиот ривал.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...