Пораз на Шкупи од романската Политехника (1-3)

Фудбалерите на Шкупи го доживеаја првиот пораз во вториот контролен натпревар на подготовките во турски Болу. Чаирчани загубија од романскиот прволигаш Политехника Јаши со 1-3 (1-1).

Балан ги донесе Романците до предност од 0-1 во 15. минута. По само две минути за Шкупи израмни Бојан Георгиевски и тоа беше резултат со кој се замина на полувремето.

Во второто полувреме, Политехника повторно до предност дојде со голот на Данеле во 61. минута, а конечните 1-3 ги постави Балан со својот втор гол во 65. минута, овој пат од пенал.

Се вчитува...