Пораз од Летонија, но Македонија по 15 години повторно во Втората Европска дивизија

Maкедонските тенисери со пораз го завршија настапот на турнирот од Дејвис купот во Скопје, но денешниот пораз за нашите тенисери не значи ништо затоа што Македонија се пласираше во Втората Европска дивизија.

Во дуелот со Летонија, Јанев загуби со 1-0, а потоа Ивановски израмни на 1-1, но Летонците славеа во двојки за конечна победа од 2-1.

На табелата Летонија заврши прва со максимални пет победи, Црна Гора се најде на втората позиција со четири победи и еден пораз, додека Македонија со три триумфи и два порзи го освои последното место.

Се вчитува...