Пораз за Академија Пандев од Торпедо Кутаиси

Македонскиот прволигаш Академија Пандев загуби со 1-3 од грузискиот тим Торпедо Кутаиси во последниот тест од зимските подготовки во Анталија. Составот на Југослав Тренчовски поведе со голот на Марио Крстовски, но потоа следеше периодот во кој доминираа фудбалерите на Торпедо Кутаиси.

Головите за грузискиот тим ги постигнаа Зивзивадзе, Гегехори и Капанадзе.

Академија Пандев го заокружува подготовките во Турција и се враќа во Македонија.

 

Се вчитува...