Пораз за Леванте, Барди одигра 70 минути

Леванте го забележа првиот пораз во Ла Лига оваа сезона, откако на домашен терен загуби од Селта со 1-2. Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стартер и играше до 70.минута од овој дуел.

Систо по само десет минути игра со ефекетен гол го доведе тимот на Селта во водство, а Макси Гомез пред одморот зголеми на 0-2. Леванте во вториот дел намали од пенал преку Моралес, но немаше сили за израмнување.

Се вчитува...