Пораз за одбојкарите на Вардар во првиот натпревар на турнирот во Србија

Одбојкарите на Вардар со пораз го почнаа настапот на пријателскиот контролен турнир во соседна Србија. Во стартниот меч беа убедливо поразени од Ниш со 3-0 во сетови. Српскиот состав беше најубелив во воведниот сет кој го доби со 25-13, во вториот беше побоар со 25-17, а Вардар освои 20 поени во третиот сет. Утре во дуел за третото место, Вардар ќе се соочи со поразениот од пресметката меѓу Војводина и Рибница Краљево.

По турнирот во Србија, Вардар ќе ги продолжи подготвките во Скопје во очекување на стартот на домашната првенствена сезона за чиј почеток нема конкретен термин. На меѓународна сцена, „црвено-црните“ ќе ги почнат настапите на почетокот од октомври за кога е предвиден првиот дуел од двомечот против словенечкиот Волеј Камник кој денеска го доби за противник на извлекувањето на двојките за 1/16-тина финалето од ЦЕВ Челенџ купот.

 

Се вчитува...