Порази пред „Ел Класико“: На Реал и Барселона вакво нешто не им се случило 17 години

Сензационалниот домашен пораз на Реал Мадрид од довчерашниот второлигаш Кадиз (0-1) и интригантниот пораз на Барселона со идентичен резултат кај Гетафе го одбележаа шестото коло во Ла Лига.

Јасно е дека секогаш е вест кога Реал и Барселона ќе загубат во Ла Лига, без разлика во каква форма се и на кое место на табелата. Но, кога и двата шпански клуба ќе загубат во исто коло тоа е посебно интересно.

Сега се случи тоа, но се една навистина историски ретка случајност. Актуелниот шампион и вицешампион на Шпанија доживеаја порази непосредно пред меѓусебната пресметка следната сабота на „Камп Ноу“.

Последен пат Реал и Барса пред „Ел Класико“ загубиле во април 2003 година. Тогаш Реал загуби со 4-2 од Реал Сосиедад, а Барселона со истиот резултат загуби на свој терен од Депортиво Ла Коруња. После тие порази во „Ел Класико“ одиграа 1-1, а стрелци беа Роналдо Назарио за домашните и Луис Енрике за гостите од Барселона.

Се вчитува...