Фудбалерите на Челси забележаа нова победа во домашниот шампионат откако денеска во премиерниот меч од 8. коло во англиската Премиерлига славеа на гостувањето кај Нотингем форест со 0-3.
Oвој пораз значеше и крај за Енџи Постекоглу на клупата на Форест по само осум натпревар.
„Нотингем Форест може да потврди дека, по серија разочарувачки резултати и натпревари, Енџи Постекоглу е разрешен од должноста главен тренер. Одлуката стапува на сила веднаш. Клубот нема да дава понатамошни коментари за ова прашање во овој момент“, се вели во краткото соопштение на премиерлигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

