Порше сака да влезе во Формула 1

Еден од водечките луѓе на Порше, Томас Лонденбах потврди дека на големо се размислува за велегување во Формула 1 шампионатот.

Во минатите неколку дена се појавија информации дека автомобилскиот гигант кој се наоѓа во сопственост на Фолксваген, сака да стане дел од Ф1, а по изјавата на Лонденбах веќе нема дилеми околу тоа.

„Не е тајна дека размислуваме за Формула 1. Не е тајна дека разговараме со ФИА и не е тајна дека за тоа озбилно размислуваме. Но, одлуката се уште не е донесена“, изјави Лонденбах. 

Лонденбах исто така изнесе предлог дека иднината на формула 1 е во електрификација на болидите. За потсетување болидите во Ф1 од 2014 година користат хибридни мотори.

Се вчитува...