Портланд е во НБА плеј-офот: Оди на Лос Анџелес Лејкерс (ВИДЕО)

Портланд е последната екипа која избори пласман во НБА плеј-офот откако во плеј-ин серијата уште во првата средба го оствари она што беше потребно, победа над Мемфис. Портланд не дозволи да ја испушти првата прилика за место во разигрувањето и со победата од 126-122 си го обезбеди осмото место на Запад и серија во првото коло против Лос Анџелес Лејкерс. Серијата подобар од седум против „лејкерс“, Портланд ја почнува во вторник.

До триумфот над Мемфис, Портланд дојде во финишот од пресметката. Почна одлично со убедлива воведна четвртина, но потоа Мемфис во следните два сегмент одигра многу подобро и донесе неизвесни завршни 12 минути. Демијан Лилард кој постигна вкупно 31 поени беше одличен во решавачките моменти, имаше помош од Си Џеј Меккалум кој уфрли 29, Јусуф Нуркиќ забележа 22 поени. Џа Морант кај Мемфис имаше 35 поени.

Со оглед дека во плеј-ин серијата Портланд влезе од осмата позиција, потребна му беше само една победа за пласман во плеј-офот, на Мемфис му беа потребни два триумфа бидејќи регуларниот дел го заврши на деветтото место.

Се вчитува...