Портланд се мачеше но успеа до клучна победа: Против Мемфис за место во плеј-офот

Портланд славеше против Бруклин со 134-133 во клучниот натпревар за нив по кој осигураа „плеј-ин“ дуел против Мемфис за место во плеј-оф разигрувањето во НБА лигата. Победникот од тој дуел меѓу Портланд и Мемфис, кој ќе се игра во сабота, ќе се сретне со ЛА Лејкерс во првото коло од плеј-офот во Западната конференција.

Најефикасен во победата на Портланд беше Демијан Лилард со дури 42 поени, дополнети и со 12 асистенции, додека МекКалум запиша 25 поени. Јусуф Нуркиќ постигна 22 поени дополнети и со 10 скока.

Се вчитува...