Порто и Митревски остануваат максимални во португалскиот шампионат

Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски и неговиот Порто остануваат максимални во домашниот шампионат, откако во десетото коло повторно без проблеми славеа на гостувањето кај Боа Хора со 23-38.

Португалскиот шампион уште од самиот старт почна фуриозно и веќе на полувреме имаше голема предност од 9-20. До крајот само го исконтролираа мечот за нов убедлив триумф од 23-38.

Порто останува со максимален учинок по десет одиграни кола и до крајот клучни ќе бидат мечевите со Спортинг Лисабон кој исто така е со сите победи, но досега има одиграно еден натпревар помалку.

Се вчитува...