Порто не знае за пораз во Португалија – Митревски одличен на голот

По осум одиграни натпревари Порто и понатаму е сто отстотен во португалското првенство. Овој пат пред „сино-белите“ потклекна Брага која беше совладана на гостински терен со 24-33. Порто победата ја осигура уште во првото полувреме по кое имаше предност од 14-18, а гостите продолжија во претпознатливиот ритам и во вторите 30. минути за комотна победа.

Македонскиот голман Никола Митревски повторно имаше одлична партија на голот на својот тим каде забележа осум одбрани со 28 отстотна реализација.

Се вчитува...