Порто прокоцка победа, Дуарте донесе бод на Монпелје (видео)

Вардар има одлична шанса со победа на утрешниот натпревар во Скопје над Брест Мешков да се искачи на второто место во групата, откако Монпелје не стигна до посакуваниот триумф на вечерашното гостување во Порто.

Драматичниот меч во Португалија заврши со поделба на пленот, откако францускиот клуб со голот во самата завршница на Дуарта успеа да се спаси од пораз. Порто слабо го почна мечот, но се врати од четири гола негатива, на одмор водеше со 11-10, за на крајот португалскиот првак да се задоволи само со еден бод во пресметката со поранешниот европски првак.

Португалците уште долго ќе жалат бидејќи имаа водство од еден гол и последен напад, но почетнички ја загубија топката, по што Дуарте од контранапад ги постави конечните 23-23.

Се вчитува...