Порто – најзагрозен фудбалски гигант

Фудбалскиот клуб Порто се наоѓа во големи проблеми кога е во прашање финансискиот аспект. Последиците од пандемијата од коронавирусот се толку големи што некои од клубовите во светот се веќе згаснати.

Реална опасност му се заканува и на двократниот шампион на Европа. Порто е најзагрозен од фудбалските гиганти во светот. Загубите од година во година само се зголемуваат, а главниот извор на приходи се банкарските кредити. Исто така се наведува дека Порто до крајот на јуни мора да озбезбеди 100 милиони евра како не би се соочил со казна од УЕФА кога е во прашање финансискиот фер-плеј.

Порто два пати ја освојуваше Лигата на шампионите во 1987. и 2004. година.

Се вчитува...