Порто славеше во Букурешт – девет одбрани за Митревски

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски повторно имаше одличен натпревар за Порто кој триумфираше со 26-27 на гостувањето против Динамо Букурешт во Лигата на шампионите.

Порто ја запиша и втората победа во третиот натпревар од Лигата на шампионите, благодарение и на Митревски кој имаше девет одбрани на дуелот во Букурешт.

ПИК Сегед, пак, со 25-28 триумфираше на гостувањето против Брест Мешков.

Се вчитува...