Португалец на клупата на Нотингем Форест

Португалецот Витор Переира (57) е четвртиот менаџер на Нотингем Форест оваа сезона. Тој потпиша договор со „шумарите“ до крајот на сезоната. 

Нотингем Форест со назначување на Переира, го сруши рекордот на сменети тренери во историјата на Премиерлигата.

Переира го наследи Шон Дајч, кој доби отказ по ремито со Вулверхемптон. Претходно на клупата на Нотингем беа Нуно Еспирито Санто и Енџи Постекоглу. Овој тим е на три бода од зоната на испаѓање, на 12 кола до крајот на сезоната.

Се вчитува...