Португалецот беше пред вратите на Милан, се додека не се „вмеша“ Јувентус

Лидерот во италијанскиот шампионат Милан, беше на добар пат во летниот преоден рок да добие звучно засилување во своите редови. Португалскиот репрезентативец Ренато Санчез беше пред портите на „црвено-црните“ и самиот побарал трансфер од Лил во Италија, меѓутоа сега работите се менуваат.

За неговиот потпис се вклучил и Јувентус, кој што практично го обновил интересот за португалскиот играч од средниот ред. Така ова би можело да биде сериозен удар за Милан, а Санчез може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Санчез е дете на Венфика, а во 2016 година како млад заминува во гигантот Баерн Минхен. Таму не добива многу шанса, па една сезона мина во Свонси како позајмен. Меѓутоа ќе ја покаже својата класа од 2019 кога прави трансфер во Лил, и е еден од нјадобрите играчи на францускиот првак, и еден од заслужните за титулата минатата сезона.

Сумата за која Санчез би можел да си замине е околу 30 милиони евра.

Се вчитува...