Португалија го одработи официјалниот тренинг на „Драгао“ пред утрешната пресметка со Македонија

Репрезентацијата на Португалија денеска го одработи веќе официјалниот тренинг на „Драгао“ пред утрешната пресметка со Македонија.

Селекторот Фернандо Сантош на располагање имаше 26 фудбалери, тука беа и Пепе и Кансело, кои не играа против Турција поради ковид-19, односно поради суспензија.

Сантош ги отстрани и последните дилеми за составот пред утрешната бараж пресметка против Македонија. После подготовката се одржа и официјалната прес-конференција на која селекторот Сантош и капитенот Роналдо со респект зборуваа за Македонија. 

Се вчитува...