Португалија го сака Ван Гал, а тој вели: Во пензија сум, но ако се јават…

И покрај тоа што истакна дека ќе замине во пензија по напуштањето на кормилото на холандската репрезентација по Мундијалот во Катар, сепак, искусниот Луј Ван Гал очигледно е подготвен за нов предизвик.

Пропадна можноста да седне на клупата на Белгија, па сега за холандскиот стручњак има интерес од Португалија. Сепак, тој демантираше дека имал преговори со Белгија.

„Не преговарам ниту со Белгија, ниту со Португалија. Во пензија сум“, рече Ван Гал, и притоа надополни.

„Но ако ми се јават ќе чујам што имаат да кажат. Тоа е се што можам да кажам“, рече Холанѓанецот.

Холандија стигна до 1/4 финалето на Мундијалот во Катар, и испадна од Аргентина на пенали, која подоцна стана светски шампион.

Се вчитува...