Португалија не треба да се грижи за Роналдо: Рамош со „хет-трик“ против Швајцарија (ВИДЕО)

Каква одлична партија на Гонзало Рамош, португалскиот напаѓач кој влезе како замена на Кристијано Роналдо на вечерашниот натпревар против Швајцарија.

Голгетерот на Португалија стигна до хет-трик, и стана првиот играч со дадени три гола на овој Мундијал на еден натпревар. Откако доби топка од Феликс, со одличен лоб удар го совлада Зомер во 67. минута за водство од 5-1. 

Португалците нема потреба да стравуваат за замена на Роналдо, кој го игра последниот Мундијал во својата кариера. Рамош покажа дека ќе му биде достојна замена.

Се вчитува...