Португалија за 16 минути двапати ја „матираше“ Швајцарија и се доближи до 1/4 финале (ВИДЕО)

Португалија во 33. минута дојде до 2-0 водство над Швајцарија, и се доближи во 1/4 финалето на Мундијалот во Катар. Иницијативата ја крунисаа со два гола, откако најпрво Рамош во 17. минута погоди за 1-0.

Пепе во 33. минута по изведен корнер, со глава го најде патот до голот на Зомер, и со тоа Португалија има водство од два разлика, и голем чекор кон следната фаза и дуел со Мароко.

Швајцарија имаше една прилика откако од слободен удар Џердан Шаќири се обиде, меѓутоа Диего Кошта успеа да одбрани во корнер.

Се вчитува...