Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез го објави списокот од 27 играчи за Светското првенство 2026, на кој е и капитенот Кристијано Роналдо со својот рекорден шести настап на Мундијалите.
Португалија, која сè уште ја брка својата прва светска титула, ќе биде предводена од Роналдо, а селекторот изјави дека целиот тим ќе игра и во чест на трагично починатиот интернационалец Диого Жота, кој почина во сообраќајна несреќа минатата година.
За Роналдо, кој има 41 година и моментално игра за Ал Наср, ова би можел да биде неговиот последен обид да го освои единствениот голем трофеј што сè уште не го освоил, а би можел да влезе во историјата на турнирот станувајќи првиот играч што има шест настапи на Светското првенство, заедно со Лионел Меси.
Роналдо го држи рекордот за најмногу настапи (226) и голови (143) за Португалија и е единствениот играч што постигнал голови на пет различни светски првенства.
Португалија ќе игра во Групата К заедно со Колумбија, Узбекистан и Конго, а нивниот прв натпревар против Конго е на 17 јуни во Хјустон.
СПИСОКОТ НА ПОРТУГАЛИЈА ЗА СП 2026
ГОЛМАНИ: Диого Коста (Порто), Жозе Са (Вулверхемптон), Руи Силва (Спортинг Лисабон), Рикардо Вељо (Генчлербирлиги);
ОДБРАНА: Рубен Дијас (Манчестер Сити), Жоао Кансело (Барселона), Дијого Дало (Манчестер јунајтед), Нуно Мендеш (ПСЖ), Нелсон Семедо (Фенербахче), Матеус Нуњес (Манчестер сити), Гонзало Инасио (Спортинг Лисабон), Ренато Веига (Виљареал), Томас Араухо (Бенфика);
СРЕДЕН РЕД: Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед), Бернардо Силва (Манчестер сити), Витиња (ПСЖ), Жоао Невес (ПСЖ), Рубен Невеш (Ал Хилал), Саму Коста (Мајорка);
НАПАД: Кристијано Роналдо (Ал Наср), Рафаел Леао (Милан), Жоао Феликс (Ал Наср), Гонзало Рамос (ПСЖ), Педро Нето (Челси), Франсиско Консеисао (Јувентус), Гонзало Гедес (Реал Сосиједад), Франсиско Тринкао (Спортинг Лисабон).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
