Португалците на крилјата на Роналдо го прелетаа Мароко

Фудбалската репрезентација на Португалија ја совлада селекцијата на Мароко со 1-0 и стигна до првиот триумф на Мундијалот во Русија. Повторно во главна улога беше Кристијано Роналдо, кој го постигна својот четврти гол на Светското првенство, и досега е единствен стрелец за својот национален тим.

Роналдо стрелаше во четвртата минута, што на крајот се покажа и како конечен епилог. Мароканците имаа неколку одлични шанси, но Руи Патрицио блескаше на голот на Португалија.

Се вчитува...