Порзингис опериран, не се знае кога ќе се врати на терените

Кошаркарот на Далас Маверикс, Кристапс Порзингис беше подложен на оперативен зафат поради повредата на десното колено.

Летонецот го повреди коленото на првиот натпревар од првото коло во плеј-офот од НБА лигата против Лос Анџелес Клиперс. Порзингис веднаш по операцијата почна со опоравување, а засега нема информации кога би можел да се врати на терените.

Во текот на регуларниот дел од сезоната Порзингис одигра 57 натпревари, на кои просечно бележеше по 20,4 поени и 7,6 скока.

Се вчитува...