Посебно признание од ЕТКФ за Венцислав Недев и за Дејан Недев

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев и селекторот Венцислав Недев добија посебна награда од претседателот на ЕТКФ, д-р. Владимир Јорга, на Европскиот шампионат во Белград. Тие се наградени со медал за заслуги за нивниот придонес во развојот на традиционалното карате во Европа.

На Европскиот шампионат во Белград, македонската репрезентација освои вкупно десет медали. Дејан Недев стана двоен европски првак, освојувајќи злато во кати и во фукуго.

Се вчитува...