Посилни од проблемите – МЗТ Скопје покажа карактер и квалитет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје поседува квалитет, но што е уште поважно – и карактер да се издигне над проблемите со кои се соочува во оваа корона-сезона. Доказ за тоа беше денешниот дуел со Горица, на кој иако со крајно ограничен ростер „металците“ сепак успеаја да забележат победа со која си го осигураа пласманот во плејофот од АБА-лигата.

Тренерот Радуловиќ заслужува само пофалби за начинот на работа откако го презеде клубот, младиот стратег успева да го извлече максимумот од играчи кои имаа лимитирана улога на стартот од сезонава, па и без клучни кошаркари како Олуџоби, Гравет и Магдевски оствари резултат за респект.

Вистинските предизвици пред „металците“ допрва следат, можеби ќе биде неопходно и ново засилување (доколку Олуџоби е сериозно повреден), но денешното издание дава оптимизам дека МЗТ се врати на посакуваната патека непосредно пред клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...