Посилни од се: “Вардарци“ го газат Мотор (полувреме 16-11)

Неверојатно прво полувреме за актуелниот европски шампион Вардар кој има предност од 16-11 против Мотор Запоражје во натпреварот од 12. коло во ракометната Лига на шампиони.

„Црвено-црните“ предводени од неверојатната публика во полупразниот СЦ „Јане Сандански“ во Скопје одлично го отворија натпреварот. Едноставно во нападот играа како по ноти и погодуваа буквално од секоја позиција, а по десет минути игра имаа предност од пет гола разлика (8-3). Следуваше голем пад во играта во напад што резултираше со само три гола во следните десет минути. Сепак, тука беше младиот Марко Кизиќ кој доби шанса на голот на Вардар и ја искористи на најдобар можен начин. Со пет интервенции ја одржуваа предноста на Вардарци која во 20. минута изнесуваше 11-8.

Гостите од Украина заиграа одлично, со цврста одбрана успеаја во 22. минута од натпреварот да се приближат на само минус еден (11-10), по што тренерот на Стевче Алушовски мораше да го повика првиот тајм-аут на натпреварот.

Тајм-аутот на Алушовски се покажа како полн погодок. Вардар излегоа од кризата и со пет гола по ред на минута до крајот на полувремето успеаја да стигнат до највисоките плус шест 16-10. Во следниот напад Вујовиќ погоди и на пауза се замина со 16-11 за актуелниот европски првак.

Скубе со четири гола е прво име во таборот на Вардар, додека Кизиќ запиша шест интервенции. Кај Мотор Маласинскас со пет гола е најефикасен.

Се вчитува...