Поскап и од Кајл Вокер: Сити го договори Менди од Монако

Челниците на Манчестер сити конечно му исполнија уште една желба на Пеп Гвардиола, успевајќи во своите редови да го донесат и Бенџамин Менди. Овој 23-годишен дефанзивец беше прв избор на Пеп за нов лев бек во таборот на „граѓаните“, но Монако долго време одолеваше на налетите на богатиот англиски клуб.

Откако беа платени 57 милиони евра на Тотенхем за Кајл Вокер, „кнезовите“ инсистираа трансферот на Менди да биде повреден од оној на англискиот десен бек. Токму затоа беа одбиени трите претходни понуди, во висина од 40, потоа 45 и на крајот 52,5 милиони евра, за синоќа да бидат финиширани разговорите и Монако да ја прифати четвртата понуда, во износ од 57,5 милиони евра.

Во Менди стратегот на Сити ќе добие извонредно решение за позицијата лев бек, откако минатата сезона Коларов и Клиши не ги оправдаа очекувањата. По комплетирањето на овој трансфер се очекува „граѓаните“ сега што поскоро да ги финишираат и преговорите со Реал Мадрид за Бразилецот Данило, проценет на 30 милионие евра.

Се вчитува...