После девет години Арсенал раскинува со Дејан Илиев

Дејан Илиев овој месец може да си бара нов клуб и тоа како премаментен трансфер, откако Арсенал се реши да му го раскине договорот по девет години соработка. Македонскиот голман не забележа ниту еден настап за сениорскиот тим на „топчиите“, а главно играше за младинските тимови и за вториот тим.

Илиев од Беласица во 2012 година потпиша за Арсенал, откако имаше неуспешен обид за трансфер во Интер, пренесува „Дејли Стар“.

Неговиот договор со „топчиите“ истекуваше на крајот на сезоната, но Арсенал се реши да го раскине пред неговиот истек.

Илиев се најде на клупата на Арсенал во финалето од Лигата на Европа против Челси. Во изминатите неколку години минуваше на позајмици во Серед, Јагелонија, Шезбури па повторно во Серед. Беше дел од младинската селекција на два меча, а добиваше повици и меѓу сениорите, но не доби шанса да дебитира.

Се вчитува...