После освоената титула Димитријевиќ се сели во Партизан!?

После мечот на кариерата денеска, македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ ќе биде мета на многу клубови. Димитријевиќ постигна 34 поени во победата на Уникс над Локомотив Кубан со која неговиот тим стигна до шампионската титула во првенството на Русија.

25-годишниот бек сега е на „радарот“ на белградски Партизан. Познато е дека македонскиот кошаркар е голем навивач на „црно-белите“ од Белград. Тој и во минатото беше во фокусот на овој тим, но на крајот се пресели во Уникс.

Димитријевиќ им „падна во око“ на Србите после пријателскиот меч на Уникс против Партизан пред почетокот на оваа сезона, кога тој постигна 30 поени. Српските медиуми јавуваат дека тимот на Жељко Обрадовиќ по завршувањето на сезоната ќе почне преговори за негов потпис, со што ќе биде екстра засилување за „црно-белите“ за идната сезона.

Пред Уникс, Димитријевиќ играше за Хувентуд и Валенсија. Оваа сезона во Русија бележеше 13 поени и 5,5 асистенции во просек по натпревар.

Се вчитува...