Италијанскиот првак Јувентус повторно сака да пазари на „Олимпико“. По ангажманот на Миралем Пјаниќ, „старата дама“ сега сака да го добие во своите редови и искусниот Кевин Стротман. Холандскиот играч за врска долг период се мачеше со повреди, но оваа сезона конечно ги покажа своите квалитети, а Масимилијано Алегри веднаш реагира и сака да го има во својот тим.
Раководството на Јувентус е подготвено да ја плати отштетната клаузула во договорот на Кевин Стротман вредна 45 милиони евра. Истото во 2016 година го стори и со Миралем Пјаниќ, кој тогаш се пресели во Торино за сума од 32 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА