После победата полесно се дише – нека дојдат Чесите на мегдан (фото)

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари имаа мирен сон по синоќешниот трилер-дуел со Украина, но денеска веднаш се вратија назад во „Штадхале“, да го одработат тренингот и да се обидат да ги отстрат грешките во пресрет на следните два натпревари против Чешка и Украина.

Факт е, после победата полесно се дише, па расположението на денешниот тренинг беше на високо ниво. Сепак, на сите им е јасно дека она вчера беше само прв чекор на патот до конечниот успех, а за тој пад да се изоди ќе треба да се одигра многу подобро утре против Чесите.

Сепак, самодовербата е на највисоко ниво, ракометарите едвај чекаат да дојде тој натпревар, на мегдан со Чесите да ги израмнат сметките за оној несреќен пораз во Вараждин од пред две години.

Се вчитува...