После поразот на Ел Класико, Барселона доби добри вести

Барселона го загуби дербито против Реал Мадрид во неделата на „Сантијаго Бернабе“ со 2-1, и така сега нивниот ривал им избега на чело на табелата. Барса настапи ослабена без неколку стандарни првотимци, но одигра под своето ниво и беше поразен во овој натпревар.

Ден после поразот, стигнаа добри вести за „Каталонците“. Напаѓачот Роберт Левандовски почна да тренира со тимот, и ќе биде на располагање за следниот натпревар на екипата против Елче на домашен терен. Полјакот можеби нема да биде достапен во првите 11, но сигурно ќе биде во комбинација, и ако има потреба ќе влезе на теренот.

Левандовски се повреди за време на настапите на рерпезентацијата на Полска, и не беше во тимот на најважниот натпревар – Ел Класико во Мадрид.

Се вчитува...